DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Регионален театарски фестивал за глуви

Е-пошта Печати PDF
Во периодот од 4-ти до 6-ти јуни, 2010 година, под наслов SIGN IS OPEN 2010, за прв пат се одржа Регионален театарски фестивал за глуви во Скопје, кој го организираше Детскиот театарски центар - Скопје. Повеќе Национални асоцијации на глуви од Балканот (Македонија, Бугарија, Косово и Србија) учествуваа на овој фестивал со свои претставници или сплет од уметнички настапи.
Според програмата, на 4-ти јуни, први се претставија глувите активисти од Косово со „И ние сме како другите, и ние сме Европа“. Македонија ја претставија учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје со сценскиот настап „Брилијантин“.
На 5-ти јуни по учеството на тркалезната маса и презентацијата на Туст театарот од Стокхолм, Шведска, настап имаа глувите активисти од Бугарија со сплет на пантомима и танц настапи. Истата вечер се претставија и глувите активисти од Крагујевац, Србија, со Хамлет според Шекспир. На затворањето на фестивалот, на 6-ти јуни, сите учесници го поздравија организирањето на ваквиот фестивал со очевидно задоволство од сопствените настапи, спремни за нови походи во уметничкиот свет на глувите во иднина.
 
Настап на претставници од Србија
 
Настап на претставници од Бугарија
 
Настап на претставници од Бугарија
 
Настап на претставници од Косово
 
Настап на претставници од Косово
 
Настап на претставниците од Македонија
 
Настап на претставниците од Македонија
 
Настап на претставниците од Македонија
 
Настап на претставниците од Македонија