DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Меѓународен ден на глувите - 2010

Е-пошта Печати PDF

 

Светски ден на глувите

На 28 Септември – Меѓународниот ден на глувите, Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија одржа свечена седница на која покрај многубројните медиуми, беше и Министерот за труд и социјална политика г-дин Џаљаљ Бајрами. Во поздравниот говор, претседателот на НСГНРМ, г-дин Никола Огненов го истакна значењето на овој ден за глувите лица и напорите на нашата организација и државата за решавање на проблемите на глувите лица, пред се за Законот за употреба на знаковен јазик.

Светски ден на глувите

Меѓународниот ден на глувите лица (International Day of Deaf) се одбележува ширум светот преку активности и кампањи на глувите лица во своите национални организации.

Оваа година Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, на 28 септември го одбележа овој значаен ден за глувите лица фокусирајќи се на значењето  на Конвенцијата за правата на инвалидните лица и Законот за употреба на знаковниот јазик кој е донесен минатата година.

Светски дена на глувите

Меѓународниот ден на глувите лица (International Day of Deaf) има своја историја. Светската федерација на глувите (World Federation of Deaf) за прв пат го прогласи Меѓународниот дена на глувите во 1958 година како потсетување на првиот конгрес на СФГ кој се одржа во септември 1951 година. Избран е денот или седмицата да биде во месец септември во кој е како сеќавање на историскиот настан врзан за основање на Светската федерација на глувите.

Светски ден на глувите

Денес Светската федерација на глувите е призната од ООН за меѓународна организација која ги претставува глувите лица, околу 70 милиони глуви лица ширум светот преку 130 национални организации. Глувите лица во Македонија преку Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија се дел од СФГ и секоја година го одбележува Меѓународниот ден на глувите во различни форми и активности истакнувајќи ги основните човекови права и подобрувањето на статусот на глувите лица допирајќи ги чувствителните теми како употребата на знаковниот јазик, образованието на глувите лица итн.

Светски ден на глувите

На крајот од своето обраќање, претседателот на НСГНРМ, г-дин Никола Огненов, на Министерот за труд и социјална политика, г-дин Џељаљ Бајрами, му врачи Златна Плакета за несебичното ангажирање во донесувањето на Законот за употреба на знаковниот јазик.

Уште еднаш, од името на сите глуви лица во Македонија, му благодариме на Министерот Џељаљ Бајрами.

Светдки ден на глувите