DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Изборно Собрание на НСГНМ

Е-пошта Печати PDF

Изборно- конститутивната седница на

Собранието на Националниот Сојуз на  глуви и наглуви на Република Македонија (НСГНРМ)

 

На 27.10.2010 година се одржа Изборно конститутивната седница на Собранието на Националниот Сојуз на  глуви и наглуви на Република Македонија (НСГНРМ) .

Присутни на изборно конститутивната седница на Собранието беа 26 делегати од вкупно 33 делегати-претставници од општинските здруженија на глуви и наглуви во Македонија,  со што беше обезбеден кворум за работа и донесување на полноважни одлуки.       

За членови на Извршниот одбор на НСГНРМ од страна на Кандидационата комисија беа предложени и избрани: Васко Марков и Сали Мемет - Градско здружение на глуви и наглуви Скопје, Верица Срцева – ЗГН – Штип, Милан Спиркоски – ЗГН Прилеп, Амет Демировски – ЗГН Куманово, Илија Атанасов – ЗГН Струмица, Силвана Мицоска – ЗГН Гостивар, Божиновски Петар – ЗГН Битола и Муним Бајрактар – ЗГН Струга.

Членовите на Извршниот одбор едногласно го избраа Васко Марков за претседател на Извршниот одбор и Собранието на НСГНРМ во наредниот мандат.

За членови на Надзорниот одбор беа предложени и едногласно избрани Сунчица Јовановиќ (стручно лице во областа на сметководтсвото која долги години извршувала работи и работни задачи за НСГНРМ во стручната служба на Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија), Менка Димеска (член во Надзорниот одбор во НСИОМ) и Илчо Јовановски –  преставник на ЗГН Гостивар.

Собранието истотака едногласно ги избра следните постојани Комисии:

Комисија за образование:

- Претставник од Центарот за образование и рехабилитација “Партение Зографски” – Скопје;

- Претставник од Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин” – Битола;

- Претставник на Институтот за дефектологија

- Претставник од Центар за слух, говор и глас;

- Родител на глуво дете

Комисија за знаковен јазик

-          Марија Башеска

-          Виолета Апостоловска

-          Викторија Волак

-          Соња Кимова

-          Драгољуб Маневски

Комисија за меѓународни односи

-          Никола Огненов

-          Стојан Мишев

-          Шклќим Атипи

-          Драгољуб Башески

-          Велко Митев

 Комисија за културно спортски активности

-          Вера Трајковска

-          Валентина Стефаноска

-          Хафесат Ќамили

Собранието воедно ги усвои предложените Програма за работа на НСГРМ за 2011 година и Финансискиот план на НСГНРМ за 2011 година.

Генералниот секретар Георги Грујевски во име на НСГНРМ и во свое лично име упати голема благодарност до досегашниот претседател на НСГНРМ, Никола Огненов за неговата успешна работа  во приодот кога ја извршуваше оваа функција, истакнувајќи дека тој со своето ангажирање допринел за многу  позитивни резултати на Сојузот во изминатиот тежок период , а исто така со неговото учество  на повеќе меѓународни средби допринел за афирмација како на НСГНРМ, така и на нашата држава надвор од границите.

Никола Огненов заблагодарувајќи се за пофалните зборови упатени по повод неговото завршување на функцијата претседател на НСГНРМ во изминатиот период и изрази желби за успешна понатамошна работа на новото членство Собранието на НСГНРМ.