DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Реконструкција на клубот на глувите во Струмица

Е-пошта Печати PDF

Благодарение на несебичната помош од Амбасадата на Сојузна Република Германија и од локалната самоуправа  - Општина Струмица, се реконструираа просториите каде се наоѓа и работи Здружението на глуви и наглуви на Струмица. Реконструкцијата ги опфати просториите каде се собираат глувите и наглувите граѓани од Струмица со целосна реконструкција на ѕидовите, спуштен таван, нова врата и прозорци. Меѓу другото, реконструкцијата опфати и техничка опрема од 2 компјутери, промена на мебелот, 2 работни маси и маса за состаноци со столици. Вредноста на целокупната реконструкција чинеше 4000 евра.

На 24 ноември 2010 година свечено се отвори реконструираниот клуб на Здружението на глуви и наглуви на Струмица од страна на претставникот на Амбасадата на Сојузна Република Германија г-дин Vojt Lojkst. На ова пригода беа присутни и градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, Васко Марков, претставници од  Заводот за образование и рехабилитација Кочо Рацин од Битола, како и  членовите на Здружението.

По тој повод на Амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа Ulrike Marija Knoc и беше врачена од страна на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија Златна Плакета за нејзиниот придонес во подобрувањето на животот на глувите лица во Струмица, како и слика изработена од глувите ученици при Заводот за образование и рехабилитација Кочо Рацин од Битола.