DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Театарска работилница 2010

Е-пошта Печати PDF

Повторно успешни

Соработката со Детскиот театарски центар и ДУЦОР Партенија Зографски од Скопје продолжи со уште една работилница под раководство на Јули аф Клинтберг од Туст Татар од Шведска.

На работилницата  во периодот од 24- 28 ноември  2010 година учениците учеа од искусната глува актерка од Шведска нови вештини и елементи на театарската уметност која вроди со уште еден  успешен креативен настап на глувите ученици.

Учениците од ДУЦОР Партенија Зографски повторно ги покажаа и докажаа за своите креативни способности во изготвувањето на театарски претстави. Овој пат тие го достигнаа врвот на своето созревање во претставата Знакот е гласен пред публика на ден 28 ноември 2010 година во Детскиот театарски центар во Скопје.