Call Center
Работно време:
08:00-18:00
Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (со скратен назив:НСГНРСМ) објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС за поднесување на апликации за учество на Светскиот избор на глуви Мис и Мистер за 2023
 
 

Секое заинтересирано глуво лице кое што ги задоволува наведените критериуми во Правилникот прикачен во прилог, заедно со Јавниот оглас и апликацијата, може да ги достави документите наведени во огласот, најдоцна до 21.07.2023 година (среда).

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?
Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [22.08 KB]

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?
Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [17.55 KB]

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?
Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [636.50 KB]

Театарска претстава за деца и младинци “Убавата принцеза Галена“ толкувана на знаковен јазик
На ден 5 Јули 2023 година (среда) во ДХО “Даре Џамбаз“ беше изведена театарска претстава за деца и млади “Убавата принцеза Галена“ од страна на театарот за деца и млади “Арт вени види“, во рамки на фестивалот “Жапчиња 2023“, толкувана на знаковен јазик, разбирлива за глуви и наглуви лица.
 
После претставата беше одржана работилница каде што децата преку цртање на илустрации од претставата, најдобро ја изразија нивната имагинација и  креативност.
Следуваа и награди за сите учесници.
 
Во продолжение погледнете ги фотографиите од самиот настан:
Промоција на пилот-проект “Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“

 

Сашко Коцев во светот на тишината

 

“Избор на најдобар готвач за 2023 година“
Хотел Далјан – Охрид, Јуни 2023 година
Од страна на Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (со скратен назив: НСГНРСМ) беше организирана и реализирана активност “Избор на најдобар готвач за 2023 година“ каде што учество имаа повеќето претставници-членови на Здруженија на глуви и наглуви лица (со скратен назив: ЗГН). Подготвените специјалитети (солени и благи јадења) беа навистина одлични како на изглед, така и по вкус. Благодариме до сите учесници и им упатуваме честитки до најдобрите, а тоа се:
1. Прво место, ЗГН Прилеп,
2. Второ место, ЗГН Битола и
3. Трето место, ЗГН Скопје.
Зошто (не) е така! Митови за лица со попреченост

Благодарност до Мета.мк

ДЕМАНТ
од Националниот сојуз на глуви и наглуви на РСМ доставен до Друштво за аудио и видео продукција 360 СТЕПЕНИ ДОО СКОПЈЕ и Здружение на граѓани 360 СТЕПЕНИ Скопје
Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?
Reload Reload document
| Open Open in new tab

Јавен оглас за работа на проект на определено време

Огласот ќе трае од 20.04.2023 (08:00 часот) до 27.04.2023 (16:00 часот)

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории усовен од Собранието

 

Мозочен удар и можни решенија

 

Бесплатни студии за лицата со попреченост

Вработувањето на лицата со попреченост останува во фокусот на нашето работење

Бон тон правила на културно однесување

Трета доза “Бустер” вакцина против КОВИД-19 вирусот

Од 1 декември најлонските кеси ќе чинат 15 денари

Избор на најдобар готвач

Во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија во месец септември се одржа традиционалната Манифестација „Избор на најдобар готвач за 2021 година„ во хотел Далјан, во Охрид. На Манифестацијата учество земаа повеќе Здруженија на глуви и наглуви од државата, каде што беа подготвени и изложени традиционални специјалитети од различни региони.

[metaslider id=”1393″]

23 септември – Меѓународен ден на знаковниот јазик

Во организација на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија се одбележа Меѓународниот ден на знаковниот јазик на 23ти септември во просториите на Дом Даре Џамбаз, во Скопје, преку тркалезна маса на тема: Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација.

Известување

Фолклорното здружение “Традиција фолклор“ во период од 26ти до 31ви август 2021 година учествуваше на Фолклорниот фестивал во Јалова, Турција. Членовите имаа повеќе настапи, со кореографија “Сплет на македонски ора“, каде што достојно ја претставија нашата држава.
НСГНРСМ

Забрана за еднократна пластика во ЕУ

Имунитетот по прележување на Ковид

Недела неработен ден

Социјално осигурување

“Чукни во дрво” на знаковен јазик

  • Песната со видео-спот “Чукни во дрво” по повод одбележување 85 години од постоење на Алкалоид, толкувана на знаковен јазик од 7 годишното девојче Аница Велкоска, со што е разбирлива и допира до срцата на сите глуви и наглуви лица кои што го користат знаковниот јазик.
  • Благодарност до “Алкалоид” кои за кратко време дадоа согласност песната да биде толкувана на знаковен јазик и објавена со цел да ја разберат и глувите лица.
  • Благодарност до целиот тим од “Види Вака” кои веднаш прифатија да го снимаат девојчето во студио и професионално го вметнаа во видео спотот.
  • Благодарност до Аница Велкоска која прифати веднаш и без размислување да го толкува текстот од песната на знаковен јазик.
  • Целта е заедно со хуман потег да допреме до сите срца, бидејќи и глувите лица го заслужуваат тоа.
  • Кон лицата кои дадоа свој допринос во сето ова НСГНРСМ немаше никакви трошоци.
Социјални станови

Закон за работни односи – 2 дел

Закон за работни односи

Интернет видео едукативно-информативни серијали
(Проект Фолклорно здружение “Традиција Фолклор”)

Посета во Здружение на глуви и наглуви Прилеп

Активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик (23ти септември) и Меѓународната недела на глувите лица во нашата држава.

ОГЛАС:

НСГНРСМ има потреба од едно лице кое има добро познавање на македонскиот знаковен јазик за презентер на интернет видео едукативни серијали. За подетални информации обратете се на нашите телефонски броеви или на нашиот мејл. Рокот за пријавување на заинтересираните лица е до 12.05.2020 година 14:00 часот.

Skopje 12.05.2020
Бенефициран стаж

[icon name=”arrow-right” class=”” unprefixed_class=””]Преземи правилник[icon name=”arrow-left” class=”” unprefixed_class=””]
Избор на Мис и Мистер 2020 Скопје

[metaslider id=”1221″]

Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на Министерството за труд и социјална политика
Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија(НСГНРСМ) обезбеди голема количина на заштитни маски за повеќекратна употреба за глувите и наглуви лица во државата. Сите маски се со испечатено лого на НСГНРСМ, со цел маските да ги употребуваат само лицата за кои се наменети, а тоа се глувите и наглуви лица во државата. Маските се набавени со средствата од редовните дотации на Министерството за труд и социјална политика за Националниот Сојуз на глуви и наглуви.

Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија.

За членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви. Националниот Сојуз на глуви и наглуви и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.

Соопштение:
Манифестацијата Избор на Мис и Мистер на глуви и наглуви лица кој Националниот Сојуз на глуви и наглуви требаше да го спроведе заедно со Малдинското здружение на глуви и наглуви,, Млад знак,, овој викенд, се одложува поради мерките и препораките што ги донесе Владата. Од причина што последниот рок за пријава на нашите преставници (учесници) на светскиот избор на Мис и Мистер што ќе се одржи во Прага е 25 март, НСГНРСМ уште денес ќе прати официјално барање за да се одобри одложување од најмалку еден месец за поднесување на апликација за нашите преставници. Се надеваме на позитивен одговор,и на што поскоро надминување на оваа епидемија.


Соопштение:

Согласно препораките од Владата на нашата држава, Кол Центарот ќе работи во една смена од 08.00 до 15.00 часот, од причина што едниот толкувач што работи во Кол Центарот е родител на деца под 10 години, и согласно препораките таа ќе биде ослободена од работните обврски во наредните денови, додека овие мерки се на сила.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ


Соопштение:

Согласно новите мерки и препораки на Владата на нашата држава, ние како НСГНРСМ и здруженијата во нашите рамки должни сме да ги почитуваме овие мерки и препораки, па затоа се Забрануваат сите масовни собири во просториите на Здруженијата на глуви и наглуви од целата држава во период додека овие мерки се на сила.
Оваа забрана треба да се почитува, со цел заштита на здравјето на сите глуви и наглуви.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ

Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија ви посакува Среќна Нова 2020 година.

[metaslider id=”1134″]

Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија на ден 19.10.2019 година додели сертификати на осум толкувачи на македонски знаковен јазик кои успешно ги завршија обуките.

Недела на глувите – Септември 2019

По повод Неделата на глувите која меѓународно се одбележува секоја година во последната недела на Септември Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија органзираше “Игри Без Граници” на 28.09.2019 во Охрид.
23 Септември – Ден на знаковниот јазик

[metaslider id=”1038″]

По повод на „Денот на Знаковниот јазик“ 23 Септември, Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија во соработка со Парламентарниот Институт при Собранието на Република Северна Македонија организира „Тркалезна маса“ на тема: „Подобрување на соработката помеѓу Собранието и Националниот Сојуз на глуви и наглуви“
Манифестација “Најдобар Готвач 2019” и првиот настап на членовите на Фолклорното Здружение “Традиција Фолклор”

Хотел Далјан, Охрид 2019 година
Наскоро
Во наредниот период НСГНРСМ ќе започне со реализација на проектот “Картичка за глувите и наглуви”. Сите членови на ЗГН во период од неколку месеци ќе добијат од НСГНРСМ картички со сопственото име и презиме, адреса и дополнителен идентификациски број. Со овие картички, глувите и наглуви лица ќе имаат одреден бенефит (попуст на стоки и услуги) во голем број на фирми од сите градови на нашата држава. Во овој период започнат е процесот за склучување на договори со компании од сите дејности. Во реализацијата на овој проект и овозможувањето на договори со компании во што поголем број од сите дејности, учествуваат генералниот секретар и сите секретари на здруженијата на глуви и наглуви. За подетални информации за овој проект сите заинтересирани членови на ЗГН можат да се обратат кај секретарите на нивните матични здруженија и генералниот секретар на НСГНРСМ.
Од наредните денови Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија ќе започне со спроведување на информативни семинари од областа на медицината и правото. Предавањата ќе ги водат искусни професионалци од својата област, и ќе бидат преведувани на знаковен јазик од толкувач на знаковен јазик. За терминот и распоредот на овие предавања кои што ќе се одржуваат во седиштата на поглем број на ЗГН, членовите ќе бидат навремено информирани од страна на Секретарите на своите матични ЗГН.
 
Видео упатство за Call Center

Известување за Call Center: Покрај апликацијата Hangout која веќе функционира, од сега ќе може да се користи и апликацијата Messenger со која ќе може да направите повик на Facebook профилот Sojuz Gluvi кој може да го пристапите на следниот линк. Подетални информации може да се добијат кај секретарите на секое ЗГН во државата.

Генералниот секретар на НСГНРМ гостуваше на ТВ Телма со цел запознавање на јавноста за проектите што сојузот започна да ги реализира.

[fvplayer id=”4″]

Свечено одбележување на почетокот на реализација на проектите “Call Centеr” и “Фолклорно здружение на глуви и наглуви лица” заедно со министерката г-ѓа Мила Царовска.
По повод Неделата на глувите која меѓународно се одбележува секоја година во последната недела на Септември Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија органзираше “Игри Без Граници” на 28.09.2019 во Охрид. На настанот присуствуваа над 100 глуви и наглуви лица членови  на најразлични Здруженија на глуви и наглуви (ЗГН) од нашата држава и учествуваа во натпреварите кои што беа организирани. Националниот Сојуз на глуви и наглуви ќе настојува во иднина во одбележувањето на оваа недела на глувите да вклучува што  е можно поголем број на глуви и наглуви лица, организирајќи различни активности, натпреварувања, семинари или  маршеви. [...] Read more...
По повод на ,,Денот на Знаковниот јазик,, 23 Септември, Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија во соработка со Парламентарниот Институт при Собранието на Република Северна Македонија организира ,,Тркалезна маса,, на тема: ,,Подобрување на соработката помеѓу Собранието и Националниот Сојуз на глуви и наглуви,, На Тркалезната маса присуствуваа преставници од Здруженијата на глуви и наглуви ширум нашата држава, Пратеници, Раководителот на Парламентарниот институт, Претседателот на НСГНРСМ и Генералниот Секретар на НСГНРСМ. Во дискусијата земаа учество скоро сите присутни, и таа беше со добра содржина, и преставуваше еден добар почеток на соработка помеѓу Собранието на РСМ и Националниот Сојуз на глуви и наглуви. Генералниот Секретар на НСГНРСМ ја искористи можноста да ги запознае пратениците за неколку барања на глувите и наглуви лица од нашата држава. Неколку од нив за кои НСГНРСМ во иднина активно ќе настојува да се остварат се: Зголемување на додатокот за глувост Вработување на глувите и наглуви лица во државната администрација Намалување на границата на работниот стаж за пензионирање на глувите лица Обезбедување на субвенции за глувите лица за набавка на мобилни телефони Обезбедување на поефтини интернет пакети од страна на мобилните оператори На средбата Генералниот Секретар истакна дека сите овие барања во иднина ќе бидат и формално поднесени до сите надлежни Министерства, Владата и Собранието. Тука може да го погледнете видеото. Тука може да ги погледнете сликите.   [...] Read more...
Проектот – “Фолклорно здружение” веќе е започнат. Основано е фолклорно здружение со назив “Традиција Фолклор” каде што ќе членуваат глуви и наглуви лица кои што ќе бидат учени на традиционални ора од два искусни кореографи. Целта е глувите и наглуви лица покрај изучувањето на традициониот фолклор (ора) дополнително да се социјализираат, посетувајќи настави во групи, настапувајќи на концерти, дружење со слушни лица и сл. Уписите за членови се започнати и ќе траат заклучно 01.03.2019 година. Сите заинтересирани може да се пријават преку своето матично здружение или преку Генералниот Секретар на НСГНРМ – Лиза Велкоска. [...] Read more...
Во тек се последните подготовки за реализирање на најавениот проект “Call Center” што е финансиски подржан од ресорното МТСП. Станува збор за проект “Видео кол центар” – Толкувачи достапни за сите глуви преку мобилна апликација кој е од голема важност за помош при комуникација на глувите со државните органи и институции преку два толкувачи на знаковен јазик кои ќе бидат достапни од 08-20 часот. Секое глуво лице преку мобилна апликација и со помош на толкувачот  ќе може да комуницира со слушно лице заради остварување на негова итна потреба или разрешување на некој проблем. Сите глуви и наглуви од Република Македонија подетално за проектот или за мобилната апликација можат да се информираат од нивните матични здруженија на глуви и наглуви. [...] Read more...
По повод 70 години јубилеј на НСГНРМ одржан е турнир во футсал на 30.09.2018 година во спортска сала Форца – Скопје. Учество заземаа 7 екипи од цела Македонија. Резултатите од турнирот се следните: Прво место: учениците од Партение Зографски – Скопје Второ место: екипата од згн Прилеп Трето место: екипата од згн Скопје ‘а’ Тука може да ги погледнете сликите. [...] Read more...

[metaslider id=”700″]