ПРОГРАМА

за работа на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија за 2018 година

 

Основата на Програмата на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Р.Македонија во 2018 година, првенствено ќе биде засонавана на доследна примена на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со инвалидност посебно во делот кој се однесува за глувите лица.

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија своите активности исто така ќе ги насочи кон следење и приклучување кон програмите за лица со инвалидност кои ќе ги спроведуваат Европските земји во 2018 година, а се однесуваат на глувите лица и посебно ќе се стави акцент на реализирање на долгорочната акциона програма на Светската федерација на глуви (WFD) и Европскиот форум на лицата со инвалидност (EDF).

 

Во 2018 година ќе се реализираат следните програмски задачи: НСГНРМ во 2018 година, како и во изминатите години, своите програмски активности ќе ги насочи кон:

  1. Изедначување на првата на глувите лица со правата на другите граѓани
  2. Еднаков пристап кон средината за информирање
  3. Радикално менување на системот на образованието на глувите лица
  4. Активности за доследно спроведување на Законот за знаковен јазик
  5. Создавање на служба на толкувачи
  6. Измени на законите и прописите при набавка на разни помагала за глувите лица
  7. Организациско јакнење на организацијата и др
  8. Подобрување на социјалната заштита на глувите лица
  9. Вработување
  10. Воведување на нови содржини во културниот, рекреативниот и спортскиот живот на лицата со оштетен слух
  11. Учество на Меѓународни собири кои ги организираат организациите на глуви од целиот свет, како и присуство на разни состаноци и други манифестации, што ги организираат, Светската федерација на глуви и Европската унија на глуви
  12. Одбележување на 70 години од формирањето и постоењето на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија
  13. Ќе се спроведат голем број активности кои се традиционални, како што се: одбележување на Меѓународниот ден на глувите, маскенбал во Охрид, манифестацијата “Жена Домаќинка”, спортската манифестација “Игри без граници” и други.