Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија.
За членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви. Националниот Сојуз на глуви и наглуви и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.
Соопштение:
Манифестацијата Избор на Мис и Мистер на глуви и наглуви лица кој Националниот Сојуз на глуви и наглуви требаше да го спроведе заедно со Малдинското здружение на глуви и наглуви,, Млад знак,, овој викенд, се одложува поради мерките и препораките што ги донесе Владата. Од причина што последниот рок за пријава на нашите преставници (учесници) на светскиот избор на Мис и Мистер што ќе се одржи во Прага е 25 март, НСГНРСМ уште денес ќе прати официјално барање за да се одобри одложување од најмалку еден месец за поднесување на апликација за нашите преставници. Се надеваме на позитивен одговор,и на што поскоро надминување на оваа епидемија.
Соопштение:
Согласно препораките од Владата на нашата држава, Кол Центарот ќе работи во една смена од 08.00 до 15.00 часот, од причина што едниот толкувач што работи во Кол Центарот е родител на деца под 10 години, и согласно препораките таа ќе биде ослободена од работните обврски во наредните денови, додека овие мерки се на сила.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ
Соопштение:
Согласно новите мерки и препораки на Владата на нашата држава, ние како НСГНРСМ и здруженијата во нашите рамки должни сме да ги почитуваме овие мерки и препораки, па затоа се Забрануваат сите масовни собири во просториите на Здруженијата на глуви и наглуви од целата држава во период додека овие мерки се на сила.
Оваа забрана треба да се почитува, со цел заштита на здравјето на сите глуви и наглуви.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ
Известување за Call Center: Покрај апликацијата Hangout која веќе функционира, од сега ќе може да се користи и апликацијата Messenger со која ќе може да направите повик на Facebook профилот Sojuz Gluvi кој може да го пристапите на следниот линк. Подетални информации може да се добијат кај секретарите на секое ЗГН во државата.