По повод Неделата на глувите која меѓународно се одбележува секоја година во последната недела на Септември Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија органзираше “Игри Без Граници” на 28.09.2019 во Охрид.
На настанот присуствуваа над 100 глуви и наглуви лица членови на најразлични Здруженија на глуви и наглуви (ЗГН) од нашата држава и учествуваа во натпреварите кои што беа организирани.
Националниот Сојуз на глуви и наглуви ќе настојува во иднина во одбележувањето на оваа недела на глувите да вклучува што е можно поголем број на глуви и наглуви лица, организирајќи различни активности, натпреварувања, семинари или маршеви.