По повод на ,,Денот на Знаковниот јазик,, 23 Септември, Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија во соработка со Парламентарниот Институт при Собранието на Република Северна Македонија организира ,,Тркалезна маса,, на тема: ,,Подобрување на соработката помеѓу Собранието и Националниот Сојуз на глуви и наглуви,,

На Тркалезната маса присуствуваа преставници од Здруженијата на глуви и наглуви ширум нашата држава, Пратеници, Раководителот на Парламентарниот институт, Претседателот на НСГНРСМ и Генералниот Секретар на НСГНРСМ.

Во дискусијата земаа учество скоро сите присутни, и таа беше со добра содржина, и преставуваше еден добар почеток на соработка помеѓу Собранието на РСМ и Националниот Сојуз на глуви и наглуви.

Генералниот Секретар на НСГНРСМ ја искористи можноста да ги запознае пратениците за неколку барања на глувите и наглуви лица од нашата држава. Неколку од нив за кои НСГНРСМ во иднина активно ќе настојува да се остварат се:

  • Зголемување на додатокот за глувост
  • Вработување на глувите и наглуви лица во државната администрација
  • Намалување на границата на работниот стаж за пензионирање на глувите лица
  • Обезбедување на субвенции за глувите лица за набавка на мобилни телефони
  • Обезбедување на поефтини интернет пакети од страна на мобилните оператори

На средбата Генералниот Секретар истакна дека сите овие барања во иднина ќе бидат и формално поднесени до сите надлежни Министерства, Владата и Собранието.

Тука може да го погледнете видеото.
Тука може да ги погледнете сликите.