Во тек се последните подготовки за реализирање на најавениот проект “Call Center” што е финансиски подржан од ресорното МТСП. Станува збор за проект “Видео кол центар” – Толкувачи достапни за сите глуви преку мобилна апликација кој е од голема важност за помош при комуникација на глувите со државните органи и институции преку два толкувачи на знаковен јазик кои ќе бидат достапни од 08-20 часот. Секое глуво лице преку мобилна апликација и со помош на толкувачот ќе може да комуницира со слушно лице заради остварување на негова итна потреба или разрешување на некој проблем. Сите глуви и наглуви од Република Македонија подетално за проектот или за мобилната апликација можат да се информираат од нивните матични здруженија на глуви и наглуви.