Секое заинтересирано глуво лице кое што ги задоволува наведените критериуми во Правилникот прикачен во прилог, заедно со Јавниот оглас и апликацијата, може да ги достави документите наведени во огласот, најдоцна до: 26.03.2024 година (вторник) до 16:00 часот.
Секое заинтересирано глуво лице кое што ги задоволува наведените критериуми во Правилникот прикачен во прилог, заедно со Јавниот оглас и апликацијата, може да ги достави документите наведени во огласот, најдоцна до 21.07.2023 година (среда).
Хотел Далјан – Охрид, Јуни 2023 година
Благодарност до Мета.мк
од Националниот сојуз на глуви и наглуви на РСМ доставен до Друштво за аудио и видео продукција 360 СТЕПЕНИ ДОО СКОПЈЕ и Здружение на граѓани 360 СТЕПЕНИ Скопје
Огласот ќе трае од 20.04.2023 (08:00 часот) до 27.04.2023 (16:00 часот)
Во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија во месец септември се одржа традиционалната Манифестација „Избор на најдобар готвач за 2021 година„ во хотел Далјан, во Охрид. На Манифестацијата учество земаа повеќе Здруженија на глуви и наглуви од државата, каде што беа подготвени и изложени традиционални специјалитети од различни региони.
[metaslider id=”1393″]
Во организација на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија се одбележа Меѓународниот ден на знаковниот јазик на 23ти септември во просториите на Дом Даре Џамбаз, во Скопје, преку тркалезна маса на тема: Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација.
Фолклорното здружение “Традиција фолклор“ во период од 26ти до 31ви август 2021 година учествуваше на Фолклорниот фестивал во Јалова, Турција. Членовите имаа повеќе настапи, со кореографија “Сплет на македонски ора“, каде што достојно ја претставија нашата држава.
НСГНРСМ
- Песната со видео-спот “Чукни во дрво” по повод одбележување 85 години од постоење на Алкалоид, толкувана на знаковен јазик од 7 годишното девојче Аница Велкоска, со што е разбирлива и допира до срцата на сите глуви и наглуви лица кои што го користат знаковниот јазик.
- Благодарност до “Алкалоид” кои за кратко време дадоа согласност песната да биде толкувана на знаковен јазик и објавена со цел да ја разберат и глувите лица.
- Благодарност до целиот тим од “Види Вака” кои веднаш прифатија да го снимаат девојчето во студио и професионално го вметнаа во видео спотот.
- Благодарност до Аница Велкоска која прифати веднаш и без размислување да го толкува текстот од песната на знаковен јазик.
- Целта е заедно со хуман потег да допреме до сите срца, бидејќи и глувите лица го заслужуваат тоа.
- Кон лицата кои дадоа свој допринос во сето ова НСГНРСМ немаше никакви трошоци.
[metaslider id=”1221″]
Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија.
За членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви. Националниот Сојуз на глуви и наглуви и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.
Соопштение:
Манифестацијата Избор на Мис и Мистер на глуви и наглуви лица кој Националниот Сојуз на глуви и наглуви требаше да го спроведе заедно со Малдинското здружение на глуви и наглуви,, Млад знак,, овој викенд, се одложува поради мерките и препораките што ги донесе Владата. Од причина што последниот рок за пријава на нашите преставници (учесници) на светскиот избор на Мис и Мистер што ќе се одржи во Прага е 25 март, НСГНРСМ уште денес ќе прати официјално барање за да се одобри одложување од најмалку еден месец за поднесување на апликација за нашите преставници. Се надеваме на позитивен одговор,и на што поскоро надминување на оваа епидемија.
Соопштение:
Согласно препораките од Владата на нашата држава, Кол Центарот ќе работи во една смена од 08.00 до 15.00 часот, од причина што едниот толкувач што работи во Кол Центарот е родител на деца под 10 години, и согласно препораките таа ќе биде ослободена од работните обврски во наредните денови, додека овие мерки се на сила.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ
Соопштение:
Согласно новите мерки и препораки на Владата на нашата држава, ние како НСГНРСМ и здруженијата во нашите рамки должни сме да ги почитуваме овие мерки и препораки, па затоа се Забрануваат сите масовни собири во просториите на Здруженијата на глуви и наглуви од целата држава во период додека овие мерки се на сила.
Оваа забрана треба да се почитува, со цел заштита на здравјето на сите глуви и наглуви.
Ви благодариме на разбирањето,
НСГНРСМ
[metaslider id=”1134″]
[metaslider id=”1038″]
Известување за Call Center: Покрај апликацијата Hangout која веќе функционира, од сега ќе може да се користи и апликацијата Messenger со која ќе може да направите повик на Facebook профилот Sojuz Gluvi кој може да го пристапите на следниот линк. Подетални информации може да се добијат кај секретарите на секое ЗГН во државата.
[fvplayer id=”4″]
[metaslider id=”700″]